9 грешки кои ги правите кога ја отстранувате шминката
Големи се шансите секојдневно да ја правите истата грешка само затоа што нема кој да ви посочи каде грешите.
Иако отстранувањето на шминката ви се чини прилично едноставно, миење со вода или бришење со влажно марамче и готово, понекогаш токму тоа е причината за нездравата кожа.
Ова се само 9 грешки кои веројатно и вие ги правите:
1. Не ја отстранувате шминката целосно
Ова е задолжително пред да легнете да спиете. Ако го прескокнете целосното отстранување на шминката и ги избришете само очите затоа што мислите дека пудрата ви се избришала во текот на денот, ќе направите повеќе штета. Кожата е многу посува и подехидрирана ако преноќи со шминка на неа.
2. Не го миете лицето откако ќе го избришете со влажно марамче
Ќе ви требаат само 2-3 минути плус, а ќе си го сочувате здравјето и прекрасниот изглед. Па, наместо веднаш по бришењето со марамче да ставите крема, измијте го лицето со гел за чистење и добро исплакнете.
3. Користите едно марамче за целото лице
Така никогаш нема целосно да ја отстраните шминката, туку само тушот ќе го размачкате по образите, исто како и пудрата низ целото лице. Затоа секогаш попаметно е да користите 2-3 марамчиња. Едно за очите, а другите две за образите, челото, брадата.
4. Не ја отстранувате целата шминка од очите
При отстранувањето на сенката и маскарата сфаќате дека ќе ви треба подолго време, па се откажувате. Наместо само да ги размачкате очите и да си создадете инфекции, задржете го влажното марамче на очите неколку секунди пред да ги пребришете со него.
Уште 5 грешки на следната страна...