Внимателно: Производи за убавина кои не знаевте дека создаваат зависност

Ако се водите под мотото „секогаш можам да престанам само треба да посакам“ тогаш користите фраза на вистински зависник од некаков препарат.

vnimatelno-6-proizvodi-za-ubavina-koi-ne-znaevte-deka-sozdavaat-zavisnost-01.jpg

Во случајов, препарати за убавина.

Верувале или не, некои од нив навистина создаваат зависност.

Балсам за усни

Да, балсамот за усни навистина може да ви создаде зависност. Дури и постои група за поддршка посветена на зависниците од мазна уста. Дел од оваа зависност и се препишува и на психата, но во лабелото навистина постои супстанца која создава зависност.

Би ве советувале да користите кокосово масло или било кое друго во замена на балсамот.


Крема за сува кожа

Кожата знае сама да се направи повлажна или помасна. Ако често користиме крема за сува кожа, тогаш можено е да заборави како да го прави тоа сама. Тоа е затоа што составните елементи на тие креми се исти како и нашата кожа. Во случај долго време да користиме вакви креми, телото ќе престане да носи вода до епидермот.

Ваквите креми треба да ги користите во случај кога навистина имате потреба.


Шампон

Кога пречесто ја миеме косата тогаш ја сушиме и ја одвојуваме од нејзиното природно масло. Но, дали знаевте дека токму поради таа причина во шампоните има големо количество на масло? Ако имате чувство дека косата веднаш ви се измрсила по миењето, тоа е знак дека станала зависна од шампонот.

Обидете се косата да ја миете секој трет ден.


Вода за измивање на устата

Треба да внимавате во неа да нема алкохол. Оние кои содржат алкохол ѝ штетат на внатрешноста на устата со тоа што ја нарушуваат природната влажност. Тоа значи дека устата станува идеален дом за бактерии.

Бактериите доведуваат до лош здив, а здивот води до уште поголема потреба за измивање на устата, во еден магичен круг.


Препарат против акни

Треба да бидете внимателни со ваквите производи кои содржат бензоил пероксид. Во некои случаи ако кожата се навикне на овој елемент може да се воспали откако ќе престанете да го користите.

За да го спречите ова мора во потполно да престанете да ги користите ваквите препарати.

Би можело да ве интересира:

Нов пролетен тренд: Уникатен маникир со животински принт (фото) Ако еднобојните нокти ви се монотони и повеќе сакате максимализам, маникирот со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...
Омбре усни, фризури во стилот на '90-те: Совети за матурска шминка и фризура од Даниел Николовски „Кај шминката доминираат омбре усни. Со моливче се исцртуваат контурите на устат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg