Домашна маска против опаѓање на косата која ги зајакнува влакната од корен
Домашната маска е руски рецепт од кој се воодушевени сите жени кои имале проблем со опаѓање на косата и кршливост на влакната, а предноста е што ви треба само една состојка.
Оваа маска ја регенерира структурата на коренот на косата, а со тоа го спречува опаѓањето. Можете да ја пробате веднаш затоа што за неа ви се потребни само моркови.
Морковите се познати како одличен извор на бета каротен и витамин А, па заради тоа позитивно влијае на здравјето на влакното.
Покрај тоа, морковот помага и во детоксикацијата на целиот организам и создава нови, здрави клетки.
Подготовката на оваа маска е едноставна – ситно изрендајте неколку свежи моркови и втријте ги на коренот на косата.
Оставете да делуваат 15 минути, па потоа измијте ја косата на вообичаен начин.
На почетокот, третманот практикувајте го често, односно најмалку 5 пати по ред, пред секое миење.
Кога косата ќе ви зајакне, доволно е да го практикувате еднаш месечно.