Евтини лесни и ефикасни препарати за нега на кожата кои можете да си ги направите дома

Докажано е дека сè она што е природно е многу поздраво од многуте скапи препарати во кои има илјадници хемиски состојки.

Evtini-lesni-i-efikasni-preparati-za-nega-na-kozhata-koi-mozhete-da-si-gi-napravit-doma-01.jpg

Затоа ви нудиме 10 евтини решенија за совршено осветлување и нега на кожата. 

Јогурт

Здрав производ кој освен за пиење, може да ви послужи и за нега на кожата. Со помош на јогуртот може да го вратите сјајот на кожата.

Јогуртот содржи млечна киселина која му пружа на лицето третман сличен на избелувач. Се препорачува да се нанесува јогуртот на лице и да стои 60 секунди, а потоа да се измие со топла вода. Можете да додадете и лимонов сок во јогуртот.


Маска од кори од портокал со јогурт

Нашата кожа има потреба од витаминот Ц, а портокалот е совршен избор. Оваа маска многу едноставно можете да ја направите. Оставете ја кората од портокалот да се исуши, потоа измелете ја и помешајте ја во јогурт. Оваа смеса држете ја на лицето 15 минути и потоа добро измијте ја со вода. Не треба да ја ставате повеќе од еднаш неделно.


Мед

Медот е совршен за нашата кожа, ја влажни и го одржува убав тенот и помага против раните и дамките на лицето со своето антибактериско дејство.

Пожелно е еднаш дневно да го намачкате лицето со мед и да го оставите неколку минути. Потоа добро измијте го со вода. Освен тоа што убаво мириса, за брзо време ќе покаже позитивни резултати.


Лимонов сок

Лимонот има регенерирачко дејство врз кожата.

Исцедете лимон на памук и нанесете го на кожата, нека стои час и половина, а потоа добро измијте го. 


Куркума

Специфичен зачин кој е одличен за нега на кожата. Ни помага да се ослободиме од бактериите кои може да се најдат на кожата, го зголемува нивото на меланин и со тоа и дава природна здрава боја на кожата.

Помешајте ја со кисело млеко со ниска масленост и таквата смеса нежно истријте ја на кожата. Се препорачува да ја нанесувате еднаш дневно, а за 3 недели треба да бидат видливи резултатите.


Свежи краставици

Краставиците се свеж извор на колаген кој ѝ помага на кожата да остане сјајна и цврста. Се препорачува два пати на денот да се нанесуваат неколку кришки на потемните делови на лицето.

Би можело да ве интересира:

„Не сте грди, туку немате пари“: Инфлуенсерка открива колку троши за да изгледа совршено „Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно им...
Митови за нега на кожа што често се споделуваат на Инстаграм и ТикТок, според дерматолог Витаминот Е не ги отстранува сите лузни, а пиењето вода нема да ви го реши пробл...
Дали оваа бринета е една од најубавите Либанки? Нејзините неверојатно зелени очи ѝ се заштитен знак. Дали Џесика Кахавати е една...
За бакнежи со вкус на чоколадо - Направете сами домашен сјај за усни Ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите са...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg