Како обликот на веѓите го менува женското лице?
Велат очите се огледало на душата, а тоа би значело дека веѓите исто така играат важна улога во изгледот на една жена. Многу жени постојано се соочуваат со еден главен проблем – изгледот на веѓите.
Ретки, густи, нееднакви, со вештачки изглед... Проблемите варираат од жена до жена, а најлесно и наједноставно решение е еднаш да се одлучите за професионалец кој ќе ви помогне и ќе ги оформи, а подоцна вие ќе ги одржувате во форма.
Таков бил случајот и со овие четири девојки кои ги трансформирале своите веѓи:
1. Веѓите на Алана биле ретки, па козметичарката и ги пополнила со молив за веѓи за да добие поконзистентен изглед. Ако имате ретки веѓи, секогаш можете да посегнете по моливот кој со нежно пополнување на празните делови ќе ви даде поубав изглед на веѓите.
2. Најголемиот проблем на Кристин било тоа што нејзините веѓи не се еднакви, па главниот фокус кај неа е израмнување на веѓите. Ако имате нееднакви веѓи, најдобро е за почеток да откриете која веѓа е доминанта и по неа да се водите при формирање на другата.
3. Како кај Алана, така и кај Алексис главниот проблем бил густината на веѓите. Таа имала природно густи веѓи, но со чупање ги разретчила. Пред да пристигне кај козметичарката таа морала да почека веѓите повторно да и пораснат. Ако имате природно густи веѓи не се обидувајте да ги изретчувате, туку водете се по природниот изглед на веѓите.
4. Како и другите девојки, Саманта имала нерамномерни веѓи за кои било потребно претходно израснување, па израмнување.