Тренд за оваа есен: Усни со омбре ефект
Омбре ефектот можете да го практикувате буквално за сè. Од косата, па сè до усните, вашиот изглед оваа есен можете да го надополните со практикување на трендот на боење кој веќе ви е добро познат.
Стилистот Најџел Станислаус препорачува да започнете со нанесување на карминот употребувајќи го вашиот показалец.
Потемниот кармин нанесете го на средината и размачкајте го со движење на усните.
Со темниот кармин дефинирајте ги краевите на вашите усни.
Нанесете ја посветлата нијанса во внатрешниот дел на усните.
Или обратно. Нанесете темно моливче на врвовите на вашите усни.
Благо притиснете ги усните за да нанесете дел од моливчето и на остатокот од усните и продолжете со сенчење.
Нанесете посветол кармин во мат боја и размачкајте ги усните.
Уште еднаш поминете ги краевите на усните со темното моливче.