Зошто калинката е добра за нега на кожата?

Во неколкуте изминати години калинката ја прикажуваат како супер храна, но таа со своите придобивки во медицината и козметиката е позната уште многу одамна.

Zoshto-kalinkata-e_dobra-za-nega-na-kozhata-01.jpg

Таа е симбол за просперитет и изобилство во многу култури. Модерните научни студии покажуваат дека ова црвено овошје содржи изобилство од здравствени бенефиции.

Калинката е богата со витамини и антиоксиданси. Содржи 3 пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и од зелениот чај.

Различни истражувања покажуваат дека сокот од калинка се користи за подобрување на имунолошкиот систем, за подобрување на циркулацијата на крвта, за контрола на лошиот холестерол, ги прочистува артериите, го намалува ризикот од срцев удар како и ризикот од појава на рак.

Придобивки за нега на кожата:

Со своите неверојатно антиоксидансни, антивоспалителни и подмладувачки својства е не заменлива за нега на кожата особено во подмладувачките продукти за нега на кожата.

Zoshto-kalinkata-e_dobra-za-nega-na-kozhata-02.jpg

1. Регенерација на клетките

Калинката помага во заштита на епидермисот (надворешниот слој на кожата) и помага во регенерација на клетките во епидермисот и дермисот (внатрешниот слој на кожата), помага во циркулацијата, регенерација и заздравување на раните.


2.
Заштита од сонце

Калинката содржи заштитени состојки кои ја штитат кожата од штетното влијание од сонцето, помага во спречување на рак на кожата и ги олеснува симптомите на изгореници на сонцето.


3.
Подмладувачки ефекти

Калинката штити од предвремено стареење, помага во намалување на знаците на стареење на кожата предизвикани од штетното влијание на сонцето исто така помага во спречување на дамки на кожата.


4.
Младешка кожа

Калинката содржи колаген и еластин кои ја омекнуваат кожата и истата ја прават мазна и младешка.


5.
Сува кожа

Калинката е супер состојка за нега на сувата кожа заради својата мала молекуларна структура која што ѝ дозволува да навлезе длабоко во кожата. Делува смирувачки на сувата, испуканата и иритирана кожа.


6. Масна кожа/комбинирана кожа

Маслото од калинка помага во борба против акни, иритации, но и во намалување на лузните.

Би можело да ве интересира:

7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...
Дадар ве советува како да се нашминкате за новогодишната ноќ и претпразничните забави Еден од нашите најпознати мејкап артисти, Александар Биљановски Дадар, во пресре...
Баба Ратка (78) од Куманово се подмлади со шминка благодарение на внуката: „Дедо ми ми кажа дека е п... Баба Ратка (78) од Куманово стана инспирација за жените на нејзина возраст, отка...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg