Ново во козметиката - серум Estée Lauder New Dimension
Иновативен серум кој помага да се дефинира изгледот на контурите на лицето и да се создаде мазна и сјајна кожа.
Дали е ова иднината на убавината? Estee Lauder креира уникатен, луксузен серум за нега на кожата и шминка, кој создава дефиниран изглед на контурите на лицето, го враќа природниот волумен на кожата и ја зајакнува структура на кожата одвнатре. Новиот Estée Lauder New Dimension обезбедува убава контура на лицето, го истакнува природниот облик на лицето, придонесува кон посјајна и поисполнета кожа на лицето., што е овозможено со моќната концентрација на про-колаген технологија.
Заштитно лице на оваа колекција е познатата глумица Ева Мендез. 41- годишната актерка е избрана, бидејќи таа е „аспиративна и реална во исто време".
Овој уникатен, луксузен серум создава повеќе дефиниран изглед на контурите на лицето за помалку од две недели.
Говорејќи за новиот серум, д-р Надин Пернодет, Потпретседател, на одделот за истражување и развој во Estee Lauder, изјави:
„Знаевме дека структурата на кожата е важна за густината и дефиниција на кожата нешто што е карактеристика на младешката кожа."Но, благодарение на нашите најнови истражувања, сега знаеме дека тоа е од клучно значење за да се создаде вистинска трансформација. Обемот и дава нова димензија на кожата. Затоа, за да се подобри изгледот на контурите на лицето, од клучно значење е да се подобри структурата и обемот.“
Резултатите од тестирањето во кое беа вклучени 308 жени покажаа:
- Кожата е веднаш посјајна,
- 85 % одговориле дека нивната кожа е исполнета и заоблена по само 3 дена на употреба,
- 87% чувствуваат позитивна трансформација во изгледот на нивната кожа по само 4 недели од употребата.
Видлива трансформација!
Погледнете се во огледалото, ќе ви се допадне она што го гледате со нова димензија на лицето кое изгледа посјајно и повеќе дефинирано од секој агол.
Колекцијата вклучува и New Dimension Expert Liquid Tape за пределот околу очите.