Како на природен начин да ги продолжите трепките?
Не сите имаат среќа да се родат со природно густи и долги трепки, па често пати ниту најдобрата и најскапата маскара не може да го постигне тој ефект.
За среќа, постојат 5 природни начини како да ги згуснете и продолжите трепките.
1. Рицинусово масло
Ова масло е познато по тоа што го поттикнува растот на косата. Сепак, тоа може да послужи и за поттикнување на растот на ноктите и трепките. Нанесувајте го 2 пати дневно, наутро и навечер пред спиење.
2. Витамин Е
Недостатокот на витамин Е во организмот го забавува растот на трепките и е причина за нивно опаѓање. Пијте го овој витамин како додаток во исхраната.
3. Маслиново масло
Важно е да ги отстраните сите нечистотии од шминката на очите пред да го нанесете маслиновото масло. Ставете го навечер на трепките и измијте наутро.
4. Вазелин
Вазелинот е добар за текстурата на трепките, правејќи ги богата и побујни, а со тоа и го поттикнува растот.
5. Здрава исхрана
Свежите зеленчуци, павлаката и јајцата се исто така важни за густината на трепките заради витамините Б5 и Б12.