4 совети и трикови за нега на омбре косата
Години наназат омбре косата е во тренд, а изгледа дека трендот ќе потрае уште долго време.
Тој е супер решение за пораснатиот корен. Врвовите на прамените се единствени делови кои што треба да ги боите, што значи дека коренот треба да остане таков каков што си е.
Ако сте ја бојадисале косата омбре и ја носите така веќе неколку месеци, тогаш треба да следите неколку правила за нега на косата.
1. Миење на косата 2-3 пати неделно
Ова е вистински предизвик, но миењето на омбре косата секој ден или секој втор ден може да го осиромаши влакното од природните масла и да направи вашата коса да изгледа или премногу мрсна или премногу сува. Да не споменуваме дека и бојата ќе падне побрзо.
2. Потхранувајте ја
Како и секоја обоена коса и омбре косата станува сува и кршлива па затоа е многу важно да се потхранува. При миењето на косата треба да се обрне повеќе внимание на врвовите, бидејќи тие повеќе страдаат од коренот. Користете балсам кои ќе го оставите 2 - 5 минути да делува. Направете маска еднаш неделно на косата или третман со топло масло најмалку еднаш месечно. Кокосовото масло е еден од најдобрите третмани за косата.
3. Избегнувајте апарати кој ја горат косата
Избегнувајте фенови, пегли, фигаро, бидејќи тие предизвикуваат оштетување, уништување и сушење. Постојат многу поедноставни начини да се исправи или навитка косата без топлина. Само бидете креативни.
4. Лимонов сок
Ако ги преферирате посветлите нијанси, дајте му шанса на сокот од лимон. Зависно од должината на косата сокот од 1-3 лимони може да помогне русата боја да биде подолготрајна. Додадете малку мед во лимоновиот сок, за да го спречите оштетувањето на влакното.