14 трикови како да ги поправите најчестите грешки при шминкањето

Шминкањето е женска рутина, секојдневна навика, но она што многу жени не знаат е дека секој ден прават по една голема грешка поврзана со нивниот изглед.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-001.jpg

Време е да ги откриете решенијата за 14-те најчести грешки и проблеми во шминкањето:

1. Не ги тестирајте пудрите на лицето. Лицето е најизложено на сонце, па заради тоа може да е нијанса потемно од останатите делови на телото. Затоа и најчесто бирате потемна пудра отколку што треба. За да ја решите оваа заблуда, тестирајте ја пудрата на вратот. Втријте ја благо и ако совршено се слее со бојата на кожата, таа е пудрата која треба да ја купите.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-01.jpg


2.
Не нанесувајте коректор пред пудрата. Така само ќе го избришете неговиот ефект кога ќе нанесете течна пудра.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-02.jpg


3.
Ако нанесувате пудра со четка или сунѓерче, правете го тоа со тапкање. Во спротивно, секое лизгање на четката по кожата ќе ви остави линии и траги.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-03.jpg


4.
Не го користете истиот коректор за покривање на подочниците и мозолчињата. Коректорот за под очи често пати е нијанса посветол, па така само ќе го истакнете мозолчето. Наместо тоа, користете кремаста пудра со матирачки ефект.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-04.jpg


5.
Не користете коректор за покривање на дамките и лузните од акни. Наместо тоа ставете слој течна пудра, малку коректор и пудра во прав за да го фиксирате ефектот.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-05.jpg


6.
Коректорот под очите не го нанесувајте во вид на полукруг. Подобро нацртајте триаголник, па размачкајте.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-06.jpg

7. Ако имате масна Т-зона, по шминкањето задолжително истапкајте со парче мека хартија. Инаку пудрата ќе ви свети.

14-trikovi-kako-da-gi-popravite-najcestite-greski-pri-sminkanjeto-07.jpg

Уште 7 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Фризури и техники за фарбање со кои побрзо ќе си ја вратите природната боја на косата За да ја имате вашата, природна боја на коса, треба да ја чекате косата да порас...
Шампањ руса и уште 5 бои на коса кои ќе доминираат во есен 2024 Од впечатливо црвена до прамени во боја на мед - 6 нијанси ќе бидат популарни ка...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg