Вистинското лице на пластичната хирургија (фото)
Јужна Кореја е една од земјите во кои се прават најмногу пластични операции. „Малите операции на лицето се толку чести што, ако не сте направиле никаква операција барем на носот, вие сте чудак“ – вели фотографот Џи Јео.
Во тинејџерските години и самата таа сакала целосно да го промени својот изглед: „Сакав да го променам целото мое лице, сакав да го променам моето тело, сакав да променам сè“.
На крајот, сепак се предомислила и не се одлучила на пластична операција, но случајот со повеќето жени во Јужна Кореја не е таков.
Многу жени и девојки постојано подлегнуваат на хируршкиот нож и за нив тоа не е никаква посебна процедура. Одат сами во болница, чекаат да заздрават свежите рани и по краток период повторно се враќаат по нови промени без да се двоумат.
Токму затоа, Јео ја направила оваа фотосесија именувана како „Beauty Recovery Room “ каде ги прикажува девојките кои во скоро време правеле некаква пластична операција и сè уште заздравуваат од операциите.