Девојка цели 6 недели не ја миела косата со шампон, а резултатите ја изненадиле

Во последно време многу жени експериментираат што ќе се случи ако се откажат од водата и шампонот, и наместо тоа користат алтернативни методи како суви или домашно подготвени шампони.

devojka-celi-6-nedeli-ne-ja-miela-kosata-so-sampon-a-rezultatite-ja-iznenadile-01.jpg

Зое Шафер решила да испроба еден таков експеримент, поточно да се откаже од шампонот на неколку недели.

Првата недела ниту еднаш не ја измила косата, а во втората започнала да ја плакне со мешавина од сода бикарбона и вински оцет.

„Содата ја помешав со оцет и додадов неколку етерични масла за да го прикријам мирисот. Но, не беше добро. Ужасно мирисаше.“

На работа ја гледале чудно и колегите се поттргнувале од неа, тврди таа.

Косата ја миела исклучиво со вода и еднаш неделно со сода и оцет.

„Косата ми беше толку масна што стана водоотпорна. Веќе третата недела не можев да издржам и воведов сув шампон.“

devojka-celi-6-nedeli-ne-ja-miela-kosata-so-sampon-a-rezultatite-ja-iznenadile-02.jpg

Четвртата и петата недела ги поминала тешко.

„Се изморив од масната коса. Мирисот на оцет и сода ми излегуваше низ нос, а неговото прикривање со етерични масла ми се грозеше. Од друга страна бев среќна што не користев хемикалии. Но, добар плус беше тоа што пријателките ми останаа пријателки.“

Откако конечно ја измила косата со шампон, изгледала фантастично, по што заклучила.

„Животот без шампон дефинитивно е комплициран.“

devojka-celi-6-nedeli-ne-ja-miela-kosata-so-sampon-a-rezultatite-ja-iznenadile-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Баба Ратка (78) од Куманово се подмлади со шминка благодарение на внуката: „Дедо ми ми кажа дека е п... Баба Ратка (78) од Куманово стана инспирација за жените на нејзина возраст, отка...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
6 секојдневни трикови со кои веднаш ќе изгледате подобро Направете поинаква фризура, со мраз освежете ја кожата и уште неколку совети за ...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Која е долгоногата црнокоса убавица што го привлече вниманието на Shtip Fashion Days 2024? Aтрактивната црнокоса го привлече вниманието на ревиите на Shtip Fashi...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg