Остварете си го сонот и бањајте се во кафе
Да, можете да се бањате со омилениот ваш пијалак. Од кафето имаме многу придобивки и можеме да го користиме на многу начини.
Покрај тоа што го консумираме како пијалак, можеме да го користиме и како средство за нега на кожата.
Големите компании кои произведуваат козметички препарати за нега на кожата потврдуваат дека во речиси секој производ има и мал процент на кафе.
Кафето откако ќе го испиете, талогот не го фрлајте туку направете си пилинг со него. Талогот од кафето ги отстранува мртвите клетки од кожата и прави да изгледате посвежо и одморено.
Кафето содржи кофеин кој ако го нанесуваме на кожата, поттикнува стегнување на жилите и го забрзува крвотокот. Поради тоа, кожата е мека и нежна и што е најважно ја подобрува циркулацијата.
Подготовка:
Во стерилизирана тегла измешајте половина лажичка талог од кафе, половина лажичка маслиново масло и додадете малку сок од лимета или било кое друго цитрусно овошје. Смесата чувајте ја на ладно.
Внимавајте: Најмногу може да стои 3 дена.