Како да се нашминкате како Кајли Џенер? (видео)
Кајли Џенер на својата интернет страна објави видео именувано како „Гламурозната Кајли“ во кое покажува како изгледа процесот на нејзиното шминкање. Со само неколку чекори таа се трансформира во атрактивна реалити ѕвезда.
Како изгледа процесот?
1. Кајли без шминка
2. Со оглед на тоа дека има само 18 години, Кајли нема проблеми со тенот, но има проблеми со темни подочници. Прво се покриваат со коректор.
3. Мејкап рутината и започнува со зачадените очи, наместо со пудра и подлога, обратно од она на што сме научени.
4. Кајли секогаш има истакнати очи на фотографиите, а за тоа „виновни“ се ајлајнерот, црниот молив за очи и кафеавите нијанси на сенки.
5. Дури потоа се преминува на контурирање на лицето.
6. Важно е сите нијанси на пудри добро да се измешаат со четка и лицето да добие природен изглед.
7. Потоа останува да се среди пределот под долните капаци на очите. Поточно, Кајли го применува трендот на „печење.“
8. Дебела линија туш за совршен финиш.
Погледнете го видеото: