Зошто треба да ја миете кожата со газирана вода?
Жените во Јапонија и Кореја се познати по тоа дека на својата кожа и посветуваат многу внимание и време, па од нив потекнува и овој тренд во светот на убавината - миење со газирана вода.
Како што тие тврдат, освен длабинското чистење на лицето, преку измивањето со вода со меурчиња, кожата постепено се затега и на неа се прави благ пилинг.
Исто така, порите се чистат, затоа што меурчињата и овозможуваат поголема количина кислород, велат козметичарите.
Крајниот резултат е свежа, затегната и мазна кожа.
Сепак, ова не би требало да го правите секој ден за да не дојде до иритација. Доволно е еднаш или два пати неделно да го примените овој начин на чистење.
Газираната вода можете да ја нанесете со сунѓерче и да ја користите наместо тоник.