5 трендови во шминкањето кои треба да се најдат во речникот на секоја жена
Постојат неколку техники на шминкање кои треба да се најдат во речникот и листата на вештини, на секоја девојка која сака да изгледа како штотуку да излегла од скап козметички салон или како да ја шминкал некој познат стилист.
Постојат 5 техники кои ги воведоа познатите и модните блогерки кои многу лесно можете да научите да ги практикувате, а со нив ќе изгледате секогаш убаво.
Можете да погодите за кои трендови станува збор?
Ова е веќе добро познат термин кој постојано се употребува на YouTube видеата во кои познатите модни блогерки покажуваат како со помош на проѕирен прав можете да добиете беспрекорен изглед.
Овој метод не е нов, но вреди добро да ја знаете оваа техника доколку сакате да ги истакнете јаболкниците на вашето лице и покриете темните подочници. Контурирањето подразбира употреба на неколку различни нијанси на пудра, бронзер и коректори.
За разлика од контурирањето кое користи потемни нијанси, стробингот подразбира употреба на хајлајтери и посветли нијанси. Хајлајтерот се нанесува на највпечатливите делови од лицето.
Вашиот заводлив поглед е доста важен дел од вашиот изглед, па добро е да научите како да правите драматични потези со кои секогаш ќе изгледате совршено. Вака очите делуваат гламурозно и отмено.
Ова можеме доста добро да го забележиме кај Кајли Џенер која секојпат успешно ги истакнува своите усни со цртање на линија над усните со молив за усни.