Ефикасно средство за нега на пети кое со сигурност ќе ви помогне
Постојано треба да се грижите за своите пети. Доколку вашите пети не изгледаат најдобро ќе ви користи домашното средство за нега на пети.
Овој вид на нега не е скап, а е многу ефикасен – стапалата стануваат мазни и нежни и исчезнуваат здебелувањата.
Земете помал леген (колку да можете да ги сместите стапалата во него). Истурете 1.5 литар топла вода, додадете 4 супени лажици 3% хидроген. Ставете ги стапалата во легенот и држете така 10- 15 минути.
Само после неколку минути ви се создава чувство дека сте ги држеле на пареа половина час.
Ако ситуацијата со стапалата е прилично лоша, држете ги нозете во легенот уште малку подолго. Сами ќе почувствувате ефектот кога ќе го протриете едното стапало од другото. Петите истријте ги со турпија или камен.
Потоа извадете ги нозете од легенот и измасирајте ги нозете со смеса од глицерин и оцет: 3 супени лажици глицерин и едно кафено лажиче оцет.
Најдобро е овој третман да го правите навечер пред спиење. Откако ќе ја втриете смесата од оцетот и глицеринот за подобар ефект, облечете памучни чорапи.
Убаво е да го практикувате ова еднаш до два пати неделно.