Природен рецепт за трајно отстранување на влакната над усните
Секоја жена се мачи со постојано отстранување на влакната над усните. Кога тие доаѓаат на повидок, веројатно веднаш го земате восокот во раце и ги отстранувате, но не трајно. По некое време тие се повторно тука.
Сепак, постои природно трајно решение за ослободување од непосакуваните влакна над усните. Ова решение со децении го употребуваат дамите од Средниот Исток.
Природните состојки од кои е направена кремата содржат витамини, минерали и антиоксиданси, па кожата ќе ви стане поздрава и ќе добие сјај.
Потребни состојки:
- 1 Лажици мед
- 2 Лажици сок од лимон
- 1 Лажица овесни снегулки
Подготовка и употреба:
Овесните снегулки сомелете ги и на нив додадете ги медот и сокот од лимон. Добро промешајте и нанесете ја смесата над усните. Оставете ја 15 минути, а потоа измијте ја со млака вода.
Процедурата повторувајте ја 2 до 3 пати неделно и по еден месец влакната ќе започнат да исчезнуваат целосно.