За сите мајки, жени и девојки: Како се ослободив од стриите по породувањето?
Стриите се најголемиот женски проблем кој се појавува на стомакот, колковите, задникот и градите.
Иако бременоста е главна причина за нивното појавување, постојат и други фактори како нагло деблеење или слабеење, брз раст, стрес или било каква друга физичка промена.
Тие може да влијаат негативно на самодовербата, но за среќа постојат одредени природни начини на кои можете да им ја намалите видливоста.
„Не верував дека е возможно, но откако пријателката ми го препорача, се обидов со овој рецепт и позитивно се изненадив,“ раскажува една мајка.
Таа открива дека се работи за магијата на сокот од компир.
Тој е одличен лек против стриите, затоа што содржи витамини и минерали кои го поттикнуваат обновувањето на клетките на кожата.
Треба да исечете еден компир на подебели кругови и со нив да ги триете местата каде стриите ви се највидливи. Почекајте додека сокот не се исуши, па исплакнете со млака вода.
Третманот се препорачува да го правите секојдневно.