Несовршена убавина: Тие се горди на своите маани
Во светот постојат различни луѓе, а со тоа и различни видови убавина. Понекогаш и некои недостатоци може да бидат нешто посебно кое ќе ве издвојува од другите на поинаков начин.
Тоа што не се сите универзално убави, го прави светот да биде поинтересен. Колку и да посакувате да имате совршени црти на лицето или облик на телото, треба да знаете дека токму вашите различности ве прават единствени и посебни.
Ова се 9 жени кои ја претставуваат неконвенционалната убавина, знаат да се носат со она што го имаат и да бидат горди на своите недостатоци.
1. Бранет Мофи, манекенка со криви очи
Таа работи со модната агенција Storm Models која што е една од подобрите за која работеле Кејт Мос, Синди Крафорд и Кара Делевињ. Токму кривите очи се она што ја прават посебна и препознатлива, а таа ги сака токму такви какви што се.
2. Џеки О`Шагнеси, старата манекенка
Таа е наградувана актерка и модел кој има 62 години. Нејзините провокативни фотографии за модни едиторијали покажуваат дека убавината нема граници.
3. Катја Заркова, плус сајз модел
Таа има 33 години и малку повеќе килограми, но тоа не ја спречува да биде првиот плус сајз модел на насловната на Cosmopolian Russia. Верува и се залага за тоа дека жените имаат право да живеат здраво и надвор од социјалните стандарди за убавина.
4. Мелани Гејдос, „грдата“ манекенка
Мелани сигурно не е типичен модел кој ќе ви се допадне на прв поглед, но нејзината храброст, сила и самодоверба за да им се спротивстави на препреките, ќе ве освои. Таа има генетско пореметување екодермална дисплазија. Но, по многу битки, конечно се чувствува добро во сопствената кожа.
Уште 5 на следната страна...