Корисни совети: Отстранете ги темните подочници еднаш засекогаш
Причина за појавата на темните подочници може да биде генетска, но и резултат од умор, болест, депресија и неправилна исхрана.
Подочниците се сметаат како прв сериозен знак на стареењето, односно прв сигнал преку кој нашиот организам ни праќа порака дека постои некој проблем.
Доколку проблемот не е од сериозна природа, тогаш погледнете ги овие совети со кои ќе ги отстраните подочниците еднаш за секогаш:
Начин на исхрана
Барем делумно променете го начинот на исхрана, односно избегнувајте солена и премногу зачинета храна, посебно навечер. Пијте повеќе вода или чаеви, a внесувајте го и витаминот Б12. Консумирајте многу овошје и зеленчук, особено спанаќ, кељ и слично.
Нега на кожата
Доколку имате чувствителна кожа, тогаш потребно е дополнително да ја храните. Ако се будите со длабоки подочници, користете облоги од камилица, зелен или црн чај.
Заштитете се
Подрачјето околу очите во лето заштитете го од сонцето, а во зима од ветрот и студот. Во двата случаи можат да ви помогнат очилата за сонце и заштитните креми со фактор.
Намалете ги подочниците
За да ги намалите подочниците ќе ви помогне компирот. Ставете го во фрижидер 5 до 10 минути, а потоа исечете две парчиња кои ќе ги ставите врз капаците на очите. Држете ги така од 15 до 20 минути и подочниците значително ќе се намалат. Повторувајте го овој третман почесто.