Руски рецепт: Како да ги отстраните влакната без болни депилации?
Овој древен руски рецепт помага при отстранувањето на влакната од целото тело, односно нивно постепено ретчење.
Потребно е да соберете повеќе лушпи од ореви и да ги запалите додека не се претворат во пепел.
1 лажица пепел треба да ја прелиете со 1 литар вода. Оставете ја течноста да отстои 12 часа.
Натопете парче памук во течноста и намачкајте ги деловите од телото каде што сакате да ги отстраните влакната.
Постапката треба да ја повторувате неколку пати дневно, а можете и да направите облоги кои ќе ги држите по околу 30 минути.
Набрзо влакната ќе почнат да се ретчат, а по неколку месеци целосно ќе исчезнат.
Ако решите да го испробате овој рецепт, најдобро е облогите да ги започнете на помалку чувствителните места и да следите како ќе реагира кожата.