Сами направете си течна пудра по ваша мерка
Течната пудра е основа на секоја квалитетна шминка и освен што му дава свеж изглед на лицето, совршено ги прикрива и неправилностите на лицето.
Иако е многу тешко да се најде соодветната нијанса која ќе се поклопи со природната боја на кожата, уште потешко е да се погоди и правилната структура која одговара на вашиот тип на кожа.
Ако сакате да бидете сигурни дека правилно ја одржувате, направете си сами течна пудра.
Потребно:
- Минерална пудра во прав со соодветна нијанса
- Омилената хидратантна крема за лице
- Четка за руменило или сенка за очи
- Тегличка во која ќе ја мешате пудрата
Подготовка:
Во тегличката ставете една лажичка минерална пудра и една лажичка хидратантна крема. Со четката мешајте додека не добиете хомогена, еднолична кремаста смеса.
Добиената течна пудра ставете ја во шишенцето од старата истрошена течна пудра или во нешто слично со капаче.
Совети:
- Добиената течна пудра има среден фактор на покривање, ако сакате поблага варијанта која ќе ви делува како тонирана крема, додајте повеќе од хидратантната крема.
- Ваквата пудра нема конзерванси, ниту други слични состојки и затоа најдобро е да ја правите во оваа мала количина која ќе ја потрошите за 3-5 дена, по што ќе си направите нова.
- Минералната пудра на вашата кожа ќе делува многу поблаго од класичната, а хидратантната крема ќе ви ја овозможи соодветната влага.