Сите се убави ако така ги научите да се чувствуваат (видео)
Во изминатиот период „Dove“ како козметички бренд направи многу реклами во кои на многу едноставен начин им покажа на сите дека не треба да имаат предрасуди, да се прифатат себеси онакви какви што се и дека секој е убав на свој начин без разлика какви маани или недостатоци има.
Оваа кампања им ја посвети на мајките и ќерките, сметајќи дека едно девојче ќе знае дека е убаво доколку неговата мајка го научи на тоа.
Затоа, замолиле 5 мајки од различни земји и култури да напишат на еден лист што им се допаѓа, а што не им се допаѓа во нивниот изглед.
Потоа истото било побарано и од нивните ќерки, а на крајот им ги замениле листовите за да ги прочитаат меѓусебно.
Реакцијата на мајките е фасцинантна кога забележуваат дека многу од работите кои ги издвојуваат нивните ќерки се поради нивното влијание и однесување.
Особено се интересни детските споредби и реакции, затоа што издвојуваат делови од себе кои сметаат дека личат на нивните мајки.
Погледнете ја моќната реклама на „Dove“ која ќе ви покаже зошто е значајно правилно да се однесувате и сакате, за тоа да можете да го пренесете и на следните генерации.