Магијата на рузмаринот: Направете регенератор за мрсна и тенка коса
Рузмаринот содржи состојки кои се лек за организмот. Во кујната го користиме како зачин, а во козметиката се користи како состојка за шампони и масла за тело.
Тенката коса станува мрсна за брзо време, се лепи за кожата и тоа не изгледа воопшто убаво, туку неуредно, а за сето тоа да се спречи косата мора да се зајакне.
Рузмаринот ја прави косата сјајна, ја храни и ја зајакнува, а освен тоа тој одлично се бори против првутот и паѓањето на косата.
Ако и вие имате проблем со тенка коса, како и коса која брзо се мрси, тогаш пробајте ги овие 2 рецепти кои ќе ви дадат совршени резултати:
1. Регенератор за тенка и мрсна коса
Состојки:
- 1 кафена лажичка рузмарин
- 1 супена лажица камилица
- 1 супена лажица коприва
- 100 ml вода
- 1 супена лажица јаболков оцет
Подготовка:
Помешајте ги билките и прелијте ги со врела вода, а потоа додајте го јаболковиот оцет и оставете ја смесата да постои 10 минути и исцедете ја. Откога ќе ја измиете косата, со процедената течност масирајте ја косата и немојте да ја плакнете. Наместо камилица и коприва, можете да употребите мајчина душица во еднаква количина.
2. Лековито масло за мрсна и тенка коса
Состојки:
- 40 ml рицинусово масло
- 20 ml маслиново масло
- 10 g рузмарин
- 10 g листови од коприва
Начин на подготовка:
Сите наведени масла помешајте ги, а билките ставете ги во посебен сад со заоблено дно и полијте ги со маслата. Промешајте ја смесата и оставете ја да постои 2 дена затворена, а потоа исцедете ја. Нанесете на скалпот и кожата на главата, а потоа замотајте со фолија или најлонска кеса и оставете ја смесата да делува 2 часа. На крај, темелно измијте со шампон, а вашата коса ќе стане сјајна и здрава.