Без нервози: Како побрзо да ви пораснат шишките?
Чекањето да ви пораснат кратките шишки знае да биде досадно и нервозно. Постојано ги гледате и да може би ги извлекле надолу, но тоа некако тешко ви оди.
Колку повеќе се гледате во огледалото толку повеќе се нервирате и не ги забележувате милиметрите со кои растат секојдневно. Наместо тоа, применете некоја од следниве фази, бидете трпеливи и почекајте да ви пораснат.
1. Не го избегнувајте фризерот
Сакавте промена со интересна, модерна и кратка фризура, но после еден месец веќе ви е досадна и сакате долга. Не оди тоа така. Косата бавно расте, но тоа не значи дека треба да ја оставите препуштена сама на себе со распукани врвови и тотално несредена. Важно е на секои шест недели да го посетувате редовно вашиот фризер во кого имате доверба и кој ќе ви ги скрати само испуканите врвови и ќе ја освежи косата за побрзо да расте.
2. Внимавајте на волуменот
Додека ви расте косата мора да внимавате и на волуменот. Ако имате густа и тешка коса, врвовите и шишките може лесно да ги скротите со восок и да направите да изгледаат потешки. Доколку имате тенка коса без волумен, најдобро е да додадете малку сув шампон и да ја подигнете.
3. Google ви е пријател
Одвојте малку време и наместо да зјапате во огледалото и да барате кое влакно не е на свое место, пребарајте слики од познатите личности кои имаат кратки фризури или фризури со шишки и ќе се изнагледате секакви. Можеби и ќе си одберете некој нов облик, идеја или ќе ви се врати самодовербата кога ќе видите како некоја глумица може пред цел свет да излезе со полукратки шишки, а вие се срамите за неколку милиметри.
4. Ако имате шишки под веѓите, фенирајте ги на страна
Нема потреба да ги криете или да им ставате шноли со кои ќе личите на мало девојче. Штом имате шишки под веѓите, слободно може да ги фенирате на страна и да изгледате многу секси и опуштено.