Бралети наместо градници и уште 9 навики за убавина на жените од Кина
Максимално ги избегнуваат тампоните, а лицето го мијат со оризова вода – кои навики на Кинезинките може да изгледаат чудо за нас?
Кинезинките се прекрасни жени од кои повеќето изгледаат многу помладу отколку што навистина се.
А, нивните тајни за убавина не се ништо комплицирано.
Необични навики за убавина и хигиена на жените од Кина:
Црвениот кармин им е омилен
Додека повеќето девојки и жени носат црвен кармин за вечерни излегувања, жените од Кина го носат во секоја пригода.
Покрај тоа што во Кина црвената боја се поврзува со животот, среќата и богатството, Кинезинките се свесни дека доволен им е само црвен кармин за сите погледи да бидат свртени кон нив.
Не сакаат нападна шминка за очи
Кинезинките обично ги акцентираат усните (со црвен кармин).
Од друга страна, користат минимална сенка за очи и не сакаат нападна шминка.
Единствено, многумина сакаат да користат ајлајнер за визуелно да ги зголемат очите.
Преферираат бралети
Жените и девојките од Кина не се најголеми фанови на градниците со корпи.
Многу повеќе им се допаѓаат бралети од тантела.
Тие сметаат дека не само што изгледаат подобро, туку и дека се „поздрави“ за градите.
Не користат тампони
Иако тампоните се продаваат во Кина уште од 90-тите, жените ретко ги користат.
Повеќето Кинезинки сметат дека тампоните се опасни по здравјето и го зголемуваат ризикот од разнесување бактерии.
Па, поради ова, секогаш им даваат предност на хигиенските влошки.
Ретко користат лекови против менструални болки
За некои девојки и жени е невозможно да ја „преживеат“ менструацијата без лекови за болка.
Но, ова не важи за жените од Кина.
Луѓето во Кина, и мажи и жени, отсекогаш ја негувале нивната народна медицина. Па, користат народни лекови дури и за менструални болки.
Еден од омилените третмани им е топла купка за стапала со разни билки.