8 тајни на скандинавските жени благодарение на кои стареат грациозно
Избегнуваат тешка шминка, користат креми кои содржат масло од ајкула, наместо лепенки под очите, лицето го масираат со коцки мраз... Кои се тајните за убавина на жените од скандинавските земји?
На жените кои живеат во северниот дел на Европа поважна им е природната убавина, отколку светските трендови.
Швеѓанките, Норвежанките, Данкинките и Финките имаат мали специфични трикови за убавина поради кои стареат грациозно и секогаш изгледаат младешки и свежо.
Кои се тајните на скандинавските жени поради кои стареат грациозно?
Користат руменило, наместо пудра
Жените во Скандинавија не користат многу пудра.
За да ги скријат несовршеностите на кожата, тие нанесуваат коректор, а потоа и руменило во поголеми количини.
Тие понекогаш нанесуваат руменило и на носот.
Ги затемнуваат веѓите
Повеќето жени во скандинавските земји имаат природно светла коса.
Токму затоа, ги затемнуваат веѓите за неколку нијанси и тие стануваат потемни од косата.
Со овој трик, лицето станува повпечатливо, па не им треба многу шминка.
За да ги потемнат веѓите тие користат гел или сенки во боја.
Купуваат креми со масло од ајкула
Дури и кога е негата на кожата во прашање, Скандинавките преферираат минимализам.
Тие имаат само една крема за нега на кожата, која ја користат и за лицето и за телото.
Најчесто оваа крема во својот состав има масло од црн дроб од ајкула, кое ја хидрира кожата брзо и ефикасно.
Ова масло го има и во некои шампони за коса и сјаеви за уста.
Се грижат за кожата на вратот и деколтето
Грижата за кожата на лицето и рацете е важна, но, жените од северните земји не ги забораваат ни вратот и деколтето.
Поради природната загуба на колаген и еластин на кожата, тие го забавуваат прераното стареење на овие делови на телото.