-->
Некои со венчаници од парчиња огледала го скршија проклетството во нивното семејство, некои уживаа во бајковидни повеќедневни свадби, а некои се венчаа во тајност. Кои познати личности стапија во брак во 2021 и кои беа највпечатливите свадби?
Ако во 2020-тата година најголемиот број од свадбите се откажаа поради состојбите со светската пандемија и карантинот, или бевме сведоци на креативните начини на кои паровите стапија во брак, во 2021-та со олабавувањето на мерките на светско ниво, повторно бевме сведоци на големи свадби.
-->
Голем број од познатите личности организираа луксузни настани со голем број гости и прослави што траеја и по неколку дена.
Да видиме во продолжение кои познати личности годинава стапија во брак:
Парис Хилтон (40) стапи во брак со Картер Реум (40). Нивната бајковита свадба траеше три дена, а Парис смени 10 различни фустани.
Памела Андерсон во 2020-та на Божиќ се омажи по шести пат. амо неколку дена пред завршувањето на годината Памела стапи во брак со нејзиниот телохранител Ден Хејхарст во интимна церемонија во нејзиниот дом во Канада, откако претходно се вљубиле за време на карантинот.
-->
-->
Аријана Гранде во тајност стапи во брак со момчето Далтон Гомез. Интимната церемонија се одржа во близина на домот на пејачката.
-->
Гвен Стефани годинава стапи во брак со Блејк Шелтон. Пејачката носеше две венчаници од Вера Ванг. Иако претходно се шпекулираше дека двојката стапила во брак во тајност, тие сепак на 3-ти јули 2021 објавија фотографии од нивната свадба.
Ќерката на Бил Гејтс, Џенифер (25) стапи во брак со нејзиното момче Најел Насар (30). Џенифер носеше три различни фустани од Вера Ванг, а за свадбата беа потрошени околу 2 милиони долари.
-->
Би можело да ве интересира: