Каков тип на венчаница е хит во различни земји од светот? (фото)
Врз основа на пребарувањата за фустани на идните невести, од социјалната мрежа Pinterest ги издвоија најпопуларните модели, согласно државата од каде тие потекнуваат. И трендовите дефинитивно не се исти.
Во секоја држава постојат омилени силуети и стилови. Французинките, на пример, во потрага се по кратки венчаници. Рационалните девојки од Германија, пак, повеќе се заинтересирани за модели кои се соодветни за општински церемонии.
Британките посакуваат фустан за венчавка на плажа, а дамите од Шпанија во рустичен амбиент. Во далечната Австралија тежнеат кон минимализам, додека оние во Јапонија се првенствено заинтересирани за природните материјали. Американките им се верни на класичните долги фустани.
Од друга страна, за невестите во Аргентина, најпосакувана опција е моделот што ја нагласува фигурата и облините. Бразилките пребаруваат фустани кои се идеални за свадба под ведро небо, а жените од Мексико кроеви налик на сирени.