Невестински бидермаери кои никогаш нема да овенат (фото)
Пролетта ја разбуди природата, а со неа започнаа и свадбените подготовки. Да се биде невеста не е така едноставно. Веројатно се чувствувате како да треба да внимавате на секоја ситница.
Планирање, диети, организација, шминка, фризура, гости, списоци... си мислите како на оваа листа да и нема крај. Мораме да признаеме не сте далеку од вистината.
Сепак, шлагот на тортата е секогаш бидермаерот. Невеста без цвеќе не е целосна, а тогаш доаѓаме до дилемата кое цвеќе најмногу ќе одговара, каква боја да бидат цветовите и најважно од сѐ, како да го одржуваме и да не дозволиме да се исуши.
Артистката Евелина Алелуинен го искористила своето слободно време да направи спој на сите карактеристики на еден невестински бидермаер, а притоа и дозволила на креативноста да ја преземе ситуацијата во свои раце.
Нејзините креации се вистинска умешност и дефинитивно може да прераснат во една семејна традиција.
Дали вие би го замениле класичниот цветен бидермаер со еден интересен спој на хартиена креација, одлучете сами.
С. У. | Црнобело