Убавината е во деталите - необични кутии за бурми
Наместо да ги извадите венчалните бурми од џебот или некој да ви ги подаде незабележано, зошто не би ги спакувале во убава необична кутија која ќе ви остане драг спомен од најубавиот ден во животот.
Доколку се подготвувате за свадба слободни ѕирнете некоја идеја од понудените. Бурми во импровизирани украсени гнезда, проѕирни стаклени кутии со цветови, срца изработени од најразлични материјали, дрвени гравирани кутивчиња или пак можеби во вашата омилена книга, покрај цитатот кој го обожувате...
Задолжително имате фотка од кутијата која ќе ја одберете за чувар на вашите бурми, која ќе ве потсетува на љубовта и насмевката од свадбениот ден:
(О)Милена | Црнобело