Зошто невестата го фрла букетот на крајот од церемонијата?
Една од традициите за време на венчавките е на крајот, после церемонијата и приемот на гостите, невестата да го фрли букетот, бидејќи се верува дека онаа која ќе го фати, ќе биде следна која ќе стапи во брак.
Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато, но тогаш, овој обичај имал друга цел.
Пред 100-ина години се сметало дека е голема среќа да дојдете до било што, што невестата го носела на себе од велот, па сè до фустанот.
Но, за да се тргне вниманието од облеката на невестата, многу почнале да го фрлаат букетот за вниманието да се пренесе на гостите и на букетот.
Така многу гости почнале да се концентрираат на тоа наместо да ја допираат невестата, да чекаат истата да го фрли букетот и да го зграбат за среќа во љубовта.
Благодарение на овој итар трик гостинките сега мирно чекаат да дојде фрлањето на букетот, наместо да трчаат по невестата за да ја допрат нејзината облека.
Н. Г. | Црнобело