Бисерите на свадба се симбол за несреќа, но изгледаат префинето - Дали би ги носеле?
Дали знаевте дека народното верување вели дека невестата не смее да носи бисери на свадбата, затоа што тие симболизираат солзи и доколку ги носи на големиот ден, ќе пролее многу од нив.
Сепак, храбри девојки решиле да му пркосат на ова верување и да ги вклучат бисерите во невестинската комбинација.
А зошто би било поинаку, кога бисерите се префинето и шик парче накит, кое никогаш не излегува од мода.
Или како што би рекла славната Коко Шанел: „На жената ѝ се потребни низи и низи од бисери“.
Освен како класичен накит во форма на обетки, ланчиња и белегзии или шноли за коса, тие може да се декоративен додаток на венчаницата, чевлите или пак бидермаерот.
Погледнете и одлучете дали ќе си поиграте со судбината и суеверните свадбени верувања:
(О) Милена | Црнобело