Децата растат и се менуваат на многу начини со текот на годините. Освен физичкиот раст, децата се развиваат социјално, емотивно и когнитивно. Кога детето ќе влезе во третата година сведоци сме на извонредната промена во дете кое веќе го совладало говорот, кое научило да оди и трча. Во овој специфичен период на развој, детето веќе го има надминато односот со родителите и животната средина, по што станува подготвено да го открие сопствениот идентитет. До оваа возраст ги поставуваше прашањата: „Кој си ти? Што е тоа / како се нарекува?, за сега да почне да прашува: „Кој сум јас?“.