Сопственоста, поседувањето на материјални нешта е меѓу првите искуства кои едно дете ги стекнува. Првата играчка, своето креветче, шише, перниче, топка, своите патики, школски прибор, капче, телефон и тн. Потоа овие „своини“ децата ги користат за споредба со своите врсници и за жал често знаат погрешно да ги поврзат со начинот на кој се вреднуваат себеси и другите.