И покрај караниците без кои очигледно не може да помине денот (не ми влегувај во собата без тропање, не ми чепкај по работите, зошто си ми го скрил ова или зошто си ми го испил сокот?!), врската помеѓу браќата и сестрите е нераскинлива нишка. Како што расте вашето помало братче, почнувате да сфаќате многу работи, една по една...