Се викам мама. Некои ме викаат мајка. Некогаш и по име. Понекогаш и плачот ќе биде доволен знак дека сум потребна. Да бидам тука. И ќе бидам будна 24 часа дневно. Дури и кога спијам. Секогаш на сец, со едно око отворено. Со едното уво наострено. Ќе го чекам првото вртење. Ќе чекам да почне да седи, да лази, да прооди...