„Немав љубов на прв поглед кога го родив моето дете - чувствував вина кога го видов првпат“
„Тогаш сфатив. Не дека воопшто не го сакав моето дете, знаев дека чувствувам потреба да го заштитам, само тоа не беше љубовта што ја гледав на Инстаграм.
Го засакав моето дете, но не веднаш во еден момент. Со текот на времето почнав да го обожавам малиот Џек и не сум почувствувала поголема љубов.
Ноќта пред да се породам вторпат, се потсетив на породувањето со Џек. Си реков ’Првото породување беше трауматично. Ќе ја сакаш ќерка ти веднаш штом ќе ја видиш‘.
Но, не беше така.
Кога првпат ја видов ќерка ми Алис, се восхитував на нејзината мала уста, нејзината руса косичка и нејзините мали ноктиња. Но, не се стопив. Бев само преморена жена во болнички кревет.
Но, искуството ме научи дека љубовта ќе дојде, па само ѝ реков: ’Уште не те знам, но ти ветувам дека ќе те сакам‘.
Секако дека сакате да ги заштите и вашите деца веднаш штом ќе се родат. Но, како секоја голема љубов во животот, постепено ќе се вљубувате и во вашето дете.
Секое хранење, секоја сменета пелена, секоја насмевка е чекор напред во вашата врска. Секој момент ќе ви открие мал дел од неговиот карактер што ќе го засакате.
Не е реалистично да им кажуваме на новите мајки дека ќе почувствуваат љубов на прв поглед откако ќе се породат. Мораме да ѝ дадеме време на љубовта.
По некое време се роди и моето трето дете. Кога ја видов првпат, бев изненадена од нејзината црвена коса и радосно ѝ реков ’Здраво слатко девојче. Едвај чекам да се вљубам во тебе‘“.
Спирова С. | Црнобело