25 деца низ земјите во светот позираат со омилената играчка
Децата се скромни и имаат чисти души, па дали со 1 или со 10 играчки тие знаат подеднакво добро да се забавуваат.
Некои деца имаат изобилство од играчки, додека други секој ден си играат само со една, две играчки. Без разлика на сѐ, тие знаат како да уживаат и да се забавуваат.
Фотографот Габриел Галимберти сака да го докаже токму тоа со неговиот серијал „Toy Stories: Photos of Children from Around the World and Their Favorite Things“, на кој работи со години. Ние на овие фотографии додадовме и една со девојче од Македонија (со дозвола од родителите).
Фотографиите сигурно ќе ве натераат да се потсетите и која беше вашата омилена играчка од детството.