Како да му го ограничите времето поминато пред екран на вашето дете без расправии?
Не му создавајте притисок
Ако детето веќе си одредило колку време ќе минува пред екран, немојте да го потсетувате на секои 5 минути за тоа. Подобро предложете му да си стави аларм кој ќе го потсети дека е време да се префрли на друга активност.
Научете го на сето ова што е можно порано
Бидејќи денес децата уште од најрана возраст користат електронски уреди, применете ги претходните совети што е можно порано. На овој начин детето уште од најрана возраст ќе сфати што е добро, а што не, и ќе избегнете многу проблеми во иднина.
Не поставувајте многу строги правила
Нормално, некогаш треба да бидете и строги, но обидете се да го избегнувате ова. Ако детето не го почитува она за коешто сте се договориле, немојте веднаш да му викате.
Истовремено, можете да направите и договор што ќе му даде поголема слобода на детето – ако поминало времето за пред екран, а вашето дете нема други обврски и, на пример, сака да гледа филм, предложете му да гледате заедно. Ова е одличен начини и да поминете повеќе време заедно.
Бидете подготвени и за караница
Би било одлично сите проблеми да се решаваа мирно, но во реалноста неретко ќе мора да се соочите и со конфликт. Кога ќе зборувате за времето поминато пред екран, очекувајте вашето дете да се противи. Во овој случај, вашата задача е да ја кажете вашата поента, но што е можно посмирено. На овој начин ќе се смири и вашето дете и ќе можете да разговарате.
Спирова С. | Црнобело