Зошто вашето дете си ја мава главата од кревет и уште 7 објаснувања за неговото чудно однесување

Децата прават навистина чудни работи, од кои повеќето се несфатливи за родителите. Сепак, и најчудните однесувања на децата најчесто кријат некакво значење.

8-chudni-odnesuvanja-na-vasheto-dete-i-nivnite-vistinski-znachenja-01.jpg

Ако имате дете, сигурно сте сведочеле на барем едно необично однесување, а сега можете да дознаете што значи тоа:

Држење на воздухот

Ако вашето дете реши да го држи воздухот, нормално е да се исплашите. Но, експертите велат дека ова е безопасно однесување, а најчудно е што е децата обично не го контролираат.

Овие епизоди се случуваат ако детето е гневно, исплашено, шокирано или слично, и најчесто престануваат да се појавуваат кога детето ќе наполни 4-5 години.

8-chudni-odnesuvanja-na-vasheto-dete-i-nivnite-vistinski-znachenja-02.jpg

Соблекување

Децата не чувствуваат срам кога се голи, па не им е проблем да ја соблечат облеката, дури и во јавност.

Децата не размислуваат за оваа постапка, па ако облеката им е неудобна или ако им е топло, ќе почнат да ја соблекуваат, без разлика каде се.

Ако, пак, детето неодамна научило само да се соблекува, може да почне да го прави тоа бидејќи оваа ова вештина го прави да се чувствува независно.

8-chudni-odnesuvanja-na-vasheto-dete-i-nivnite-vistinski-znachenja-03.jpg

Пиење вода од кадата

Важно е да знаете дека оваа навика не е опасна, само детето може да има благи проблеми со стомакот ако испие многу вода во која има сапуница.

Не постои одредена причина за ова однесување, освен тоа дека на детето му изгледа забавно. Во овој случај, вие треба смирено да му објасните зошто не треба да го прави тоа.

8-chudni-odnesuvanja-na-vasheto-dete-i-nivnite-vistinski-znachenja-04.jpg

Удирање на главата од креветчето

Некои деца си ја удираат главата од креветчето, перницата или душекот кога заспиваат, или ако се разбудат среде ноќ.

Додека дел од експертите сметаат дека ова е некакво нарушување во спиењето, но некои веруваат дека станува збор за навика за смирување како, на пример, цицањето на палецот.

Обично оваа навика исчезнува сама, но ако сте загрижени, вашиот лекар ќе ви каже што треба да правите.

8-chudni-odnesuvanja-na-vasheto-dete-i-nivnite-vistinski-znachenja-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg