Забавни летни активности за вашето дете со кои и вие ќе се вратите во детството
Секоја генерација различно ги минува летните денови во детството.
Некои си играат надвор од утро до мрак, некои со часови талкаат низ соседството барајќи авантура, но факт е дека поновите генерации, особено поради новонастанатата ситуација, најчесто се затворени дома.
И технологијата има влијание врз начинот на кој денешните деца го минуваат летото. Видеоигрите, филмовите и слично се подостапни од кога било, па повеќето одлучуваат да останат дома и да се забавуваат со нив.
Но, ако сакате да му покажете на вашето дете како изгледале летата во минатото, предложете му некоја од следниве забавни активности:
Направете лулка во дворот
Ако имате двор со поголемо дрво, зошто да не направите лулка? Најлесно е да направите лулка од стара автомобилска гума, но можете и да купите.
Правете сладолед
Наместо да купувате, покажете му на вашето дете како само може да направи сладолед. Можете да побарате рецепт за домашен сладолед, или ако сакате нешто поедноставно, купете сладолед во кесичка што само треба да го изматите.
И во двата случаи, и вие и вашето дете сигурно ќе се забавувате.
Направете летало
Ова е навистина забавна активност, а уште подобро ако сами го направите леталото. На интернет можете да најдете безброј туторијали што ќе ја разбудат и вашата, и креативноста на детето.
Цртајте со креда
Дури и ако вашето дете не сака да црта, цртањето со креда сигурно ќе му биде забавно. Купете креди во неколку бои и украсете ги дворот или улицата со шарени цртежи.
Скокајте на јаже
Ако на вашето дете му е потребна поголема физичка активност, скокањето со јаже е совршено за тоа.