Зошто вашето постаро дете не треба да му биде дадилка на помалото?
Го жртвувате неговото детство
Понекогаш родителите забораваат дека и постарото дете е само дете.
Немојте да го жртвувате детството на постарото дете само затоа што ви треба помош со помалото. Не го терајте детето да се грижи за братчето или сестричката, наместо да се дружи со неговите врсници.
Вашето дете има потреба од дружба и социјални активности кои не смеете да ги замените со „родителски“ обврски.
Можете да го влошите односот помеѓу вашите деца
Ако постојано го присилувате детето да се грижи за помалиот брат или сестра, можеби ќе се развие одбивност.
Постарото дете ќе почне да го гледа братчето или сестричката како обврска и нема да сака да минува време со него. Истовремено, кога децата се сами, постарото мора да преземе улога на авторитет, а помалите деца ретко се послушни. Ова само ќе ја влоши ситуацијата.
Детето нема обврска да се грижи за помалите браќа или сестри
Можеби ова вам ви се чини како одлична идеја – постарото дете ќе се грижи за помалите, и нема потреба да се грижите за ништо.
Но, не заборавајте дека вашето дете нема обврска да глуми дадилка. Ако сепак често го терате да се грижи за братот или сестрата, барем покажете му благодарност за тоа.
Можете да му го зголемите џепарлакот, да го почестите нешто или што било што ќе му покаже дека го цените неговиот труд.
Погледнете и 15 грешки што ги прават родителите со исхраната на нивните деца.
Спирова С. | Црнобело