Заборавени бон-тон правила на кои треба да го научите вашето дете

Секој родител има задача да го научи детето да се однесува добро не само во негово присуство, туку и кога е со други луѓе.

zaboraveni-bonton-pravila-shto-roditelite-treba-da-im-gi-kazhat-na-nivnite-deca-01.jpg

Учтивоста ќе му биде огромна предност на вашето дете, па добро би било да го научите и на други бон-тон правила, освен кажувањето „Те молам“ и „Благодарам“.

Сигурно ви се познати сите овие правила и ги паметите од детството, но важно е да им ги пренесете на вашите деца и да не се фокусирате целосно на модерно воспитување, бидејќи овие правила се безвременски.

Погледнете кои се заборавените бон-тон правила што треба да му ги кажете на вашето дете:

1. Веќе напоменавме – најосновно правило е кажувањето „Те молам“ и „Благодарам“ кога детето ќе побара или ќе добие услуга од некој.

2. Научете го да кажува „Извинете“ или „Се извинувам“ кога сака да помине низ метеж, кога случајно ќе се удри во некој или кога сака да привлече нечие внимание.

zaboraveni-bonton-pravila-shto-roditelite-treba-da-im-gi-kazhat-na-nivnite-deca-02.jpg

3. Научете го да не ги прекинува другите додека зборуваат. Нека ја почека личноста што зборува да заврши, па дури потоа нека каже тоа што сака.

4. Објаснете му дека е неучтиво да коментира за изгледот на другите, освен ако не станува збор за комплимент.

zaboraveni-bonton-pravila-shto-roditelite-treba-da-im-gi-kazhat-na-nivnite-deca-03.jpg

5. Научете го да бара дозвола. Ако детето сака да употреби нешто што припаѓа на некој друг, секогаш нека праша дали може. Ако сака да даде совет за нечиј проблем, нека побара дозвола и за тоа.

6. Објаснете му на детето колку е важна благодарноста. Научете го да покажува благодарност секогаш кога некој ќе му даде или ќе направи нешто за него.

zaboraveni-bonton-pravila-shto-roditelite-treba-da-im-gi-kazhat-na-nivnite-deca-04.jpg

7. Научете го детето секогаш да ја покрива устата кога кашла или кива, и објаснете му дека е неучтиво да го чепка носот во јавност.

8. Покажете му како учтиво да одговара на прашањето „Како си?“, но и кажете му дека и тоа треба да го постави истото прашање.

zaboraveni-bonton-pravila-shto-roditelite-treba-da-im-gi-kazhat-na-nivnite-deca-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg