Како да ја покажете љубовта кон вашите деца, без да им купувате сè и сешто
Давајте му комплименти
Обично родителите настојуваат да ги критикуваат децата за нивните недостатоци, како лоши оценки, лошо однесување и слично.
Во ред е да му кажете на детето кога ќе погреши, но немојте да ги заборавите и комплиментите. И тоа, не му давајте комплименти само за неговиот изглед - секогаш кога детето ќе направи нешто добро и значајно не заборавајте да го пофалите.
Дури и да не направи нешто големо, обидете се почесто да му дававте комплименти за неговите квалитети.
Не ги заборавајте прегратките
Физичкиот допир може да биде од огромна важност. Сигурно се сеќавате колку сте уживале во прегратките и бакнежите на вашите родители, а исто ќе се чувствува и вашето дете.
Нормално, обрнете внимание и на границите на вашето дете и не го терајте да ве прегрнува и бакнува ако тоа му е непријатно. Но, ако му се случи нешто лошо, ако е тажно и слично, покажете му дека вашата прегратка е секогаш овде за него.
Научете го на нешто забавно
Ако сте добар готвач, одвојте време да го пренесете вашето знаење и на децата. Ако вашето хоби е градинарство, обидете се да ги вклучите и децата. А, можете да се обидете и да најдете ново заедничко хоби, па заедно да учите што и како треба да правите.
Воглавно, ваквите активности се секогаш забавни за вашите деца, а и ќе им покажат дека уживате во времето поминато со нив.
Заштитете го од негативност
Нормално, со текот на времето детето треба да сфати дека во светот се случуваат и лоши нешта. Но, секогаш кога можете, обидете се да го заштитите вашето дете од негативноста.
Ако, на пример, сте имале ужасен ден на работа, вашето малечко не мора да знае за тоа. Ако сте ги заладиле односите со партнерот, детето не мора да биде сведок на вашите караници.
Едноставно, обидете се во домот да создадете позитивна и пријатна атмосфера, во која ќе уживаат сите.
Спирова С. | Црнобело