15 грешки што ги прават родителите со исхраната на нивните деца
Му сервирате преголеми порции
Не заборавајте дека стомакот на детето е помал од вашиот, па не претерувајте со порциите.
Во спротивно, детето ќе се научи да јаде огромни количини храна, а ова може да претставува проблем подоцна во животот.
Го присилувате да изеде сè
Ако го терате детето на секој оброк да ја „исчисти“ чинијата, повторно можете да предизвикате аверзија кон одредени видови храна.
Не готвите со децата
Според нутриционистите, важно е и децата да учествуваат во купувањето и приготвувањето на храната. Не мора секој оброк да го правите заедно, но одвреме-навреме викнете го детето во кујна. На овој начин поверојатно е дека тоа ќе сака поздрава храна.
Не им дозволувате на децата да си играат со храната
Ова можеби звучи чудно, но некои истражувања покажале дека децата многу повеќе уживаат во храната ако имаат можност и да си поиграат со неа.
Правите само еднобојна храна
Децата се креативни и уживаат во боите. Па, за да го мотивирате вашето малечко да се храни здраво, направете ја неговата чинија што пошарена.
Давајте му храна со разни бои и разни форми, и бидете покреативни во декорирањето на оброците.