15 грешки што ги прават родителите со исхраната на нивните деца
Вие сте пребирливи со храната
Децата го копираат однесувањето на родителите, а ако вие сте пребирливи, и вашите деца ќе се однесуваат исто.
Па, обидете се и вие да се храните поразновидно.
Дозволувате јадење пред телевизор
Многумина имаат навика да јадат пред телевизор, но ова е многу лоша навика. Истражувањата покажале дека на овој начин внесуваме и до 10% повеќе калории.
Па, осигурете се дека детето нема да ја прифати оваа навика.
Држите диети пред детето
Како што напоменавме, децата ги копираат родителите. Ако постојано зборувате за диети и слабеење пред детето, тоа веројатно ќе изгради нездрава врска со храната.
Поради ова, можно е да почне со диети од многу рана возраст, а подоцна да развие и нарушувања во исхраната.
Го наградувате детето со храна
Веќе кажавме дека храната не треба да се користи за казнување и наградување.
Ако детето почне да ја поврзува храната со награда, подоцна во животот можно е да почне со емоционално прејадување.
Му давате премногу ужини на детето
Ако детето бара ужина меѓу оброци, тоа е сосема нормално. Но, важно е да бидете умерени.
Се препорачува на детето да му давате ужини кои имаат околу сто калории, и тоа најмногу двапати дневно.
Спирова С. | Црнобело