15 грешки што ги прават родителите со исхраната на нивните деца
Иако секогаш се со најдобри намери, понекогаш родителите прават грешки при воспитувањето, особено кога станува збор за јадење.
Најчесто родителите се загрижени дека нивното дете не јаде доволно, дека јаде премногу нездрава храна и слично, па употребуваат мерки со кои мислат дека помагаат.
Но, понекогаш, овие мерки можат да имаат негативно влијание врз децата.
Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки на родителите во врска со исхраната на децата:
Го „поткупувате“ детето со десерт
Неретко, родителот му ветува десерт на детето, но само ако го изеде ручекот. Но, храната не треба да се користи за казнување или наградување.
На овој начин само ќе им помогнете на децата да развијат нездрави навики за исхрана – и тие ќе почнат да ја гледаат нездравата храна како награда и подоцна во животот можно е да се соочат со дебелина.
Го терате детето да јаде
Истражувањата покажале дека создавањето притисок врз децата има негативно влијание, дури и кога станува збор за храна.
На пример, ако го терате вашето дете да јаде нешто, како супа, дури и кога не е гладно, кога ќе порасне ќе чувствува аверзија кон таа храна. Почекајте да огладни и понудете му го тоа како опција, променете го пристапот.
Ги криете нездравите грицки
Обично родителите го прават ова кога ќе забележат дека детето јаде премногу грицки. Но, криењето нема да го реши проблемот – кога детето ќе биде само, сигурно ќе ги најде грицките.
Подобро е да му дозволите на детето да јаде и од таа храна, но умерено. На овој начин самото ќе сфати колку му е доста. Треба да научи дека оваа храна не е добра, а не дека му е забранета.
Сервирање „здодевен“ зеленчук
Вистински предизвик е да го натерате детето да јаде зеленчук. Во овој случај, потрудете се повеќе околу приготвувањето на зеленчукот – направете го оброкот визуелно поубав и додајте состојки што ќе му го подобрат вкусот.
Прифаќате дека детето е пребирливо со храната
Важно е да го мотивирате вашето дете да се храни здраво и разновидно. Па, ако забележите дека детето е премногу пребирливо со храната, најдете начин да го смените тоа.
Гответе со повеќе состојки, бидете покреативни во кујната, па дури и заедно направете некој оброк.